Бројките покажуваат дека во Сабота 70.000 лица се забавувале со одличната музичка програма на Питијадата, а уживале и во добрите пити и виното. Во изминатите два дена продадени биле вкупно 17.350 пити а се испиле 4.210 литри вино од штандовите. Ова бројка е поголема доколку се земе во предвид продажбата од рестораните.
За одличната забава се погрижија и Антониа Гиговска, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Дани Димитровска и Тропико Бенд.
Бината синоќа беше резервираната за за Eye Cue, Нокаут, ДНК и популарните Ван Гог чиј настап и официјално ќе ја заокружи годинешната манифестација.