Вчера вечер Кендал Џенер го прослави својот 21-ви роденден, а за тој повод се собраа највлијателните личности од јавниот живот во Холивуд.
Кендал за прославата реши да одбере разголен сив фустан, кој многу наликуваше на диско топка, а остави многу малку на фантазијата.
Наводно, фустанот чини 9 илјади долари и бил направен специјално за неа од страна на брендот “LaBourjoisie”, а самата Кендал го нарече “винтиџ Парис Хилтон” на својот Инстаграм профил.
Фустанот уште повеќе дојде до израз во темната атмосфера на ноќниот клуб, а нејзината помала сестра Кајли се погрижи нејзините обожаватели да го видат тој момент.
Покрај Кајли, на роденденот беа присутни и останатите членови на семејството, меѓу кои Кортни и Клои Кардашијан.