(ФОТО) Суптилна сексуалност: Кајли Џенер во црно-бело топлес издание

Кајли во вторникот објави црно-бела фотографија во која позираше топлес и ги покри градите со рацете за да не ги крши правилата на Инстаграм за голотија. Таа стави капа со превез на главата, а фотографијата ја направи нејзината добра пријателка и фотограф на славни личности Саша Самсонова, која исто така се сликаше со онаа што Џенер ја сподели за нејзиниот роденден.

Но, првата слика беше во боја и беше фотографирана одблизу. Заедно со неа, ријалити ѕвездата едноставно напиша „23“ со римски броеви. „Те сакам, ангелу“, искоментира Самсонова под црно-белата фотографија.
Кајли ги воодушеви своите фанови со објавата и доби повеќе од осум милиони лајкови. „Толку си убава“, „Кралицата Кајли“, „Божица“, „Каква визија“, „Изгледаш нереално“, „Убавице“, коментираат нејзините следбеници кои ги има 189 милиони на Инстаграм. Некои ѝ препорачаа да носи маица.


View this post on Instagram

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e