(ФОТО) Силвестер Сталоне: Да се вратите од мртвите е одлично чувство

На 18 февруари речиси на сите социјални мрежи се појавија известувања дека глумецот Силвестер Сталоне починал од рак на простатата, за тоа дека болеста ја чувал во тајност и дека на крајот не можел да се избори со неа. Ова не е прв пат медиумите да ја преминат границата, но глумецот им возврати со стил.

Објавата која ги шокираше сите, имајќи во предвид дека Силвестер има и семејство па ова известување стигна и до нив, беше споделена 2,2 милиони пати, а објавена била и фотографија на која глумецот изгледа навистина како да боледува од рак. Потоа медиумите наведија дека станува збор за фотографии кои биле снимени за време на снимањето на филмот “Крид 2” каде Балбоа се бори со рак.

Untitled

По тој повод, глумецот не сакаше повеќе да молчи, па одлучи да им се обрати на неговите фанови, кажувајќи им да не обрнуваат внимание на вакви дезинформации.

“Ве молам да ги игнорирате овие глупости. Жив сум, здрав, добар и среќен”, напиша Сталоне на објавата на својот Инстаграм профил.

Во следната објава, односно видео сниката со својата ќерка, Сталоне вели: “Да се вратите од мртвите е одлично чувство”. Ова не е прв пат да се зборува за неговата смрт, бидејќи истото се случило во септември 2016 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e