(ФОТО) Шерон Стоун и без шминка е вистинска холивудска дива

Холивудската актерка Шерон Стоун отсекогаш привлекувала големо внимание, особено во круговите на машката популација.

Иако е во седмата деценија од животот, таа и понатаму изгледа феноменално и со својата насмевка плени каде и да се појави.


View this post on Instagram

Thanks so much for my happy haircut Adir! @hairbyadir

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone) on Таа неодамна на социјалната мрежа Инстаграм објави видео во кое што нема ниту грам шминка и предизвика лавина коментари.

Имено, една од најфаталните жени се снимила во пижами, со неисчешлана коса и апелирала до сите луѓе да носат заштитна маска поради пандемијата коронавирус, истакнувајќи дека треба да мислиме и на другите, а не само на себе.

Шерон отсекогаш била олицетворение на вистинската природна убавина, а со тоа видео дополнително ги воодушевила своите фанови затоа што покажала дека не се срами од своите несовршености и дека се сака себеси таква каква што е.

Ваквите примери се ретки помеѓу јавните личности кои што воглавно објавуваат фотографии коригирани во Фотошоп на кои што изгледаат совршено, но оваа дива покажала дека сепак е чекор пред другите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e