(ФОТО) Рита Ора со длабоко деколте блесна во Шпанија

Рита Ора (32) на социјалната мрежа Инстаграм сподели компилација од фотографии во розов фустан од забавата „Cartier“ во Мадрид, после кои привлече големо внимание.

Рита Ора неделава го донесе гламурот во Мадрид додека настапуваше на споменатиот настан. Стилистката Карен Ленгли направила магија така што пејачката облекла розов, макси фустан од брендот „Lanvin“ којшто го искомбинирала со црни сандали за да го надополни изгледот.

Со длабок В-изрез, исечен преден дел и детали на колковите, овој смел фустан секако дека е парче кое најдобро им стои на згодните жени, па така не е ниту чудно што веднаш е забележлив.

Пејачката покрај феноменалниот фустан имала и прекрасен накит, па така нејзиниот ѓердан, но и обетки, особено привлекле внимание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e