(ФОТО) Раста ужива на море со новата девојка

Новопечениот пар моментално е на одмор во Хрватска

Раперот Стефан Ѓуриќ Раста ужива во љубовта со тиктокерката Марија Балабан, а снимките и фотографиите од нивните социјални мрежи привлекоа големо внимание во јавноста.

Парот моментално ужива на хрватското приморје, а за да бидат што помалку упадливи и на „удар“ на љубопитните туристи и мештаните, тие го избрале Ловран, туристички град во подножјето на планината Учка.

1655889842567-rasta-marija-balaban-830x0-1

– Раста е со новата девојка во Ловран, таму се сместени. Видени се токму овде, а брзо се дозна дека тој е тука со својата нова девојка. Се однесуваат како заљубени тинејџери – вели изворот.

-Се бакнуваат, се сликаат, ги посетуваат најубавите плажи овде, а колку што забележав избираат некои подалечни, скриени места за да не „бодат очи“ и на другите туристи и на нас што живееме овде – изјавил извор за „Pink.rs.“ и додава:

– Слушнав дека избрале едно од најскапите сместувања овде, кое им нуди најголема приватност. Уживаат и во базените и на плажите, а видени се и навечер во градот – очекувано, во најскапите ресторани, јадат најквалитетни морски плодови и пијат вино – заклучува изворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e