(Фото) „Орифлеим Македонија“ прослави 20 успешни години

Во пријатен амбиент на хотелот „Мериот“ во Скопје, шведската козметичка компанија „Орифлеим“ прослави успешни 20 години во Македонија.

На јубилејниот роденден  им беше одадено признание на сите кои учествувале во градењето на успешната приказна на овој бренд, кој инаку следната година слави 50 години од неговото постоење, па помеѓу присутните гости беа и дел од регионалните и интернационалните соработници.

oriflejm7

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Настанот го водеше Лила Стојановска, која инаку е долгогодишна соработничка на „Орифлеим Македонија“. Согласно со пропишаниот дрес код на вечерта, елегантна комбинација во црна и златна варијанта, таа носеше авангардна креација на модната куќа „Елена Лука“.

Брендот, кој исто така долги години се грижи за сценските појавувања на убавата водителка, овој пат се погрижи Лила да изгледа одлично и секси во креација од тантела, која ја нагласува нејзината линија.

oriflejm5

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Вашите соништа – наша инспирација е темел на нашата посветеност за потрошувачите и консултантите чии соништа имаат голема улога во понатамошниот развој на нашите производи и бизнис планови кои имаат за цел да ви го олеснат развојот на вашето работење. Ние веруваме во соништата.. Ние веруваме во убавината. Ние веруваме во вас.“, велат од брендот.

oriflejm2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Во вториот, забавниот дел, присутните гости уживаа во музиката на Владо Јаневски, со што уште повеќе се зголеми роденденската, позитивна атмосфера.

Со ова „Орифлеим“ уште еднаш покажа дека соништата стануваат стварност, што е една и од водечките цели и мотивации на брендот.
oriflejm6

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Со присутност во повеќе од 60 земји ширум светот, големиот асортиман на козметички производи и квалитетот, тимот „Орифлеим“ порача дека ќе се стреми и понатаму да остане на врвот на пазарот.

Среќен роденден Орифлеим Македонија!

Извор Фешионел

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e