(ФОТО) Од утре Каролина Гочева ја започнува турнејата по Македонија

Концертната турнеја на нашата позната пејачка Каролина Гочева, за промоција на а новиот албум „Извор“ започнува утре со, 21 Април, во домот на културата  „Иљо Антевски- Смок“, Тетово .

Каролина заедно со нејзиниот бенд на овој дел од турнејата освен во Тетотво ќе настапи и во , Гостивар, Куманово, Струмица и Штип, на следниве дати:

24 април- Дом на култура „АСНОМ“- Гостивар
06 мај- Центар за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово
07 мај- Дом на култура „Ацо Шопов“- Штип
10 мај- Дом на култура „Антон Панов“- Струмица

На концертите ќе бидат изведени најновите нумери од „Извор“, како и најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.

karolina

Билетите по цена од 450 денари, се пуштени во продажба пред една недела, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и онлајн на веб страницата на ККЗС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e