(ФОТО) Некогаш изгледаше природно и невино – Ким Кардашијан пред пластичните операции!

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан Вест објави на Инстаграм стара фотографија на која позира со своите сестри Клои, Кендал и Кајли. Таа истакна дека се бабиња, алудирајќи на тоа дека фотографијата настанала одамна, уште кога Кендал и Кајли биле тинејџерки.

Не требаше долго време за под фотографијата да се појават коментари кои велат дека Ким со оваа објава ги разоткрила своите сестри. Затоа, што постојано се зборува за пластичните операции на славните сестри, а сега е тоа потврдено со оваа фотографија.
Ниту една не изгледа исто. Не препознавам ни едно лице тука, гласи еден од коментарите.

Дел од фановите коментираа дека сестрите ќе и се налутат поради фотографијата.

-Ким, ќе бидеш виновна за ова. Ти си испаднала убаво, а сестрите…- гласи еден од коментарите.

Фотографијата за еден час собра неколку милиони лајкови.

View this post on Instagram

Babies at Benihana 🥰

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e