(ФОТО) Наташа се плаши од Лука, а тој од нејзиниот татко

Сопружниците, за семејниот инцидент кој се случил пред десетина дена одвоено дале искази, а во својство на сведок била испитана и дадилката. Лазукиќ има забрана на приоѓање на пејачката…
Откако српската пејачка го пријавила бидејќи, како што тврди, нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ (37) брутално ја претепал, Наташа Беквалац (37) и ИТ стручњакот денес дале изкази во Првото јавно обвинителство во Белград.

Прв пристигнал Лазукиќ, во придружба на адвокат. Бил видно вознемирен и нерасположен за новинарски прашања. Наводно побарал обезбедување бидејќи се плашел дека Драгољуб Беквалац, таткото на пејачката, ќе му наштети, со оглед на недамнешните изјави во медиумите дека бара соочување со „зетот“.

Наташа исто така пристигнала во придружба на својот адвокатски тим и дадилката и исто така не давала никакви изјави. Намерно задоцнила за да, тврдат српските медиуми, одбегне средба со Лука. Нејзиниот адвокат застанал и им дал изјава на новинарите.
„Самите докази сеуште не можам да ги коментирам, но ги имаме доволно за покренување на казнена постапка“ рекол адвокатот.

natasa-na-sud5

Целата приказна на поп пејачката и нејзиниот сопруг, Од Рај до пекол, како и повеќе фотографии можете на погледнете на порталот Екран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e