(ФОТО) Миа има „истенчен“ вкус за мода: Летен стајлинг за чиста петка!

Миа Костова ова лето е мошне активна на Инстаграм, а нејзините фотографии се мелем за очи, како за мажите така и за жените.

Таа неодамна откри каде оваа година ги полни батериите, објавувајќи фотографија на социјалните мрежи.

Таа покажа дека ужива покрај Охридското Езеро и ги воодушеви своите следбеници, а под фотографијата остави преубава фотографија.

„Лето ми е. Истата плажа од лани, мои луѓе кои се засекогаш, оние со кои одморот ти е погоден, оние кои те нервираат а и ги сакаш во исто време. Сосема поинакви мисли во мојата глава. Наспроти се’ што упропасти 2020, сепак наоѓа начин за совршени залези. Охрид, 2020 фала ти“ напиша Миа на Инстаграм.


Таа позираше и во преубав фустан во тиркизно сина боја и интересен крој, а целото издание го заокружи со тренди очила за сонце.
„Можеби крајот на август ќе донесе нешто во боја на фустанов. Море, на пример“ напиша Миа во коментарите. Под фотографијата следуваа бројни пофалби и комплименти на сметка на нејзиниот прекрасен изглед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e