Една од најпознатите пејачки на Балканот, контроверзната Јелена Карлеуша веќе неколку дена ужива на песочните плажи во Турција, од каде секојдневно споделува провокативни фотографии.
Досега ја видовме во неколку различни изданија на бикини, но таа овојпат направи чекор понатаму и го соблече горниот дел од бикинито.
Се разбира, ништо не се гледа, бидејќи Карлеуша речиси секогаш остава на имагинацијата на своите машки обожаватели.
Карлеуша позира во базен, а пак со рацете ги крие нејзините бујни гради.