(ФОТО) Мадона го прослави својот роденден со раскошна забава, еве колку години наполни

Мадона во вторникот со стил го прослави својот 64. роденден со раскошна забава во Сицилија, Италија, во палата од 18 век, и очекувано дотерана.

„Д’ матиријал грл“ беше облечена во макси фустан на „Долче и Габана“ со сино-бел принт и отворен грб, соодветни обувки на платформа, морнарски сламен шешир и дијамантски накит


View this post on Instagram

A post shared by Madonna (@madonna)

„Пејџ сикс“ дури и се потруди да ја најде цената на фустанот – 2.911 долари и на сандалите – 1.095 долари.

Роденденската девојка не беше единствената во „Долче“. Нејзините деветгодишни ќерки близначки, Естере и Стела, ѝ одговараа на мајка си во детски верзии (925 долари), во комбинација со чанти (925 долари) и патики (545 долари).

Кралицата на попот сподели фотографии од девојчињата и од себе, заедно со други снимки од вечерта. Најубавите моменти се појавија на нејзините Инстаграм-сторис, а подоцна и насловните страници на таблоидите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e