Лепа Брена и нејзиниот сопруг, поранешниот тенисер, Боба Живојиновиќ поминаа низ пекол пред 18 години кога нивниот син, тогаш осумгодишниот Стефан беше киднапиран пред семејната куќа во населбата Бјежанска коса. Со години по тоа, пејачката не сакала ни збор да проговори за тоа страшно случување, но во последната година по нешто почна да открива за тоа. За неа киднапирањето на Стефан и понатаму е болна точка и тема која никогаш нема да заврши.

– Киднапирањето на Стефан за мене е како да доживувате метастаза на рак и ќе го преживеете. Тоа е приказна која никогаш нема да биде завршена. Тоа е исто кога имате келија која може да се развие било кога. Ние сме семејство кое за тоа постојано зборува. За се, посебно за нас родителите е страшно кога ви се случува таква криминална работа, а државата не го направи тоа што требаше.  Сторителите не се пронајдени и казнети, полицијата не ја заврши добро својата работа. Ниту јас ни  Боба, а  ниту Стефан на почетокот од кариерата не сакавме да зборуваме и да правиме некои констатации. Доколку државата, полицијата или било кој државен орган  смета дека ова приказна треба да се истражи до крај и ги пронајде виновниците, тоа треба да се прави позади завеса, далеку од медиумите, рекла пејачката.