Лејди Гага го покажа новиот имиџ по повод објавувањето на нејзиниот нов албум Chromatica.
Но, повеќе внимание отколку нејзината нова, розова боја на косата привлече минијатурниот комплет што го носеше. Пејачката откри голем дел од градите во кожен појас со ланци и привлече бројни реакции.
„Ми требаше ова денес“, „Треба да е нелегално да се биде толку убав“, „Нашата Божица“, „Девојко, гориш“, напишаа ентузијастичките фанови. Фотографијата е лајкната повеќе од два милиони пати.
Нејзиниот нов албум Chromatica треба да излезе за четири дена.