(ФОТО) Која е Нета Барзилај – победничката на Евровизија?

Евровизиската подебничка Нета Барзилај во едно од интервјуата дадени во Португалија откри дека служела воен рок во Израел. Таа по матурирањето волонтирала во Нахал, паравоените израелски одбранбени сили, во програма која комбинира социјални и воени вештини. Потоа, таа била дел од израелската морнарица, бидејќи сите Израелци постари од 18 години одат на воена обука. Во морнарицата Нета настапувала со морнарскиот бенд.

Нета е родена 1993 година во Ход ХаШарон. Кога била мала со семејството се преселила во нигерија, каде што живеела четири години. Таму растела со локални дадилки од кои учела за африканската музика и за ритмовите на африканските племиња. По служењето на воениот рок се запишала на музичка академија и студирала џез. Додека студирала работела и како келнерка, одела на курс за медицински сестри и чувала деца во градинка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e