(ФОТО) Клум тврди дека не е љубител на пластични операции, но сепак е секси и атрактивна

Манекенката и модел Хајди Клум е родена на 1 јуни 1973 година во Германија. Пред да матурира, нејзината пријателка Карин ја наговорила да се пријави на моден натпревар чии победници биле гости во ТВ шоуто на Томас Готшалк.

Хајди се согласила и победила во изборот од 25.000 натпреварувачки, а потоа ѝ бил понуден договор во вредност од 300.000 долари. Таа ја прифатила понудата и започнала кариера на модел и со тоа го “отфрлила” образованието во школа за моден дизајн.

Атрактивната русокоса се појавила на насловните страници на сите водечки модни списанија. Се испробала и во актерството, како во филмовите, така и во сериите. Таа е успешна дизајнерка на облека, накит и парфеми кои постигнале голем успех.


View this post on Instagram

It’s Friday 😃

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

Иако многу нејзини колешки му подлегнаа на ботоксот и пластичните операции, Хајди тврди дека не е љубител на таквите промени.

“Немам намера да се обидам да променам нешто на себе, пластичната хирургија едноставно не ми е убава”, раскажала Хајди во една прилика и додала дека за тие промени можеби ќе биде спремна на 65 години.

Манекенката во 2012 година се најде на листата на сопственички на најубави природни гради, но во 2017 година започнаа гласини за нејзиното малку побујно деколте. И додека таа зборувала дека се плаши од пластични операции, нејзините фанови пишувале дека таа сепак не ѝ одолеала на пластичната хирургија.


View this post on Instagram

#GNTM BEST OF ❤ Donnerstag 20:15 Uhr auf ProSieben!

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

Хајди редовно ги “почестува” нејзините следбеници со разголени фотографии поради што понекогаш се наоѓа на мета на критики. Неодамна позирала топлес, а бројни фанови ѝ искоментирале дека таквото однесување за нејзини години е неодговорно и дегутантно.


View this post on Instagram

🖤

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

Германската убавица се најде во центарот на вниманието во март оваа година кога напишала дека не се чувствува добро и се плаши дека има коронавирус. Таа и нејзиниот сопруг се тестирале, а тестовите покажале дека се негативни.

Манекенката е позната и како “кралица на Ноќта на вештерките” бидејќи тогаш секогаш бира креативни и откачени костими и воодушевува со легендарните трансформации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e