(ФОТО) Кејти Пери го покажа своето тело само 5 дена по породувањето

Пејачката Кејти Пери овојпат се пошегувала на своја сметка, па насмеала многу од своите фанови.

Пред само пет денови пејачката Кејти Пери на свет донесе девојче – Дејзи Дов, а среќните вести таа и актерот Орландо Блум ги споделија на социјалната мрежа Инстаграм, потврдувајќи дека породувањето завршило во најдобар ред.

Синоќа, Кејти објави фотографија од своето тело, само пет денови по породувањето, фотографирајќи се во огледало и храбро покажувајќи дека постпородувачкиот стомак сè уште не спласнал.
kejti-periТаа позирала во градник за доење и удобни сиви гаќи, со несредена коса и без шминка, па без „разубавување“ покажала како изгледа животот на една новопечена мајка.

Славната 35-годишна пејачка се пошегувала на својата сметка, велејќи дека ова е првпат да не се среди за доделување на „MTV“ наградите кои што синоќа се одржаа во Њујорк.

„Кејти и Орландо уживаат во првите денови од нивното родителство. Ги ограничија посетите, но постојано се во контакт со блиските членови на нивното семејство“ – изјавил извор близок на парот за „Hollywood Life“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e