(ФОТО) Камерон Дијаз ја призна најголемата грешка: Ботоксот ме уништи, ми недостасува лицето кое го имав

Актерката Камерон Дијаз искрено зборувала за ботоксот, а потоа открила дека тоа била нејзина катастрофална грешка.

„Ја уништив својата кожа со лошата исхрана. Во младоста честопати доцна навечер го нарачував најголемиот хамбургер и шише газиран пијалак. Поради тоа што бев слаба, можев да јадам сè, но мојата кожа не го поднесе тоа многу добро. Беше во прилично лоша состојба, затоа решив да посегнам по ботокс“, признала Камерон за американските медиуми.

„Само два третмани беа доволни за да станам зависна од нив. Тоа ме убиваше. Не знам колку пати сум инјектирала ботокс, но знам дека тоа беше многу повеќе отколку што требаше. Ботоксот го смени моето лице на толку чуден начин, што помислив: „Не, не го сакам тоа, попрво би го гледала моето лице како старее, отколку некое лице кое не ми припаѓа“, раскажала Камерон која сега истакнала дека тоа била најголемата грешка во нејзиниот живот.
Kameron Dijaz„Ми недостасува лицето кое го имав во дваесеттите години. Ботоксот ги направи деловите нефлексибилни, па така едно време воопшто не можев да ги поместам образите“, отворено раскажала Камерон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e