(ФОТО) Калиопи Букле: Природна убавина во шестата деценија

Македонската поп-дива препознатлива по вонсериските гласовни способности, чии хитови се слушаат во екс југословенските простори, важи исто така и за негувана и убава жена.

 

Од „Бато“ па се до „Кога проклето ти требам“, „Илјада божји цветови“, евровизиската „Црно и бело“ и голем број други хитови, Калиопи Букле иако моментално не е активна со некоја нова песна, сепак редовно објавува фотографии на профилите на социјалните мрежи.

Од нив можеме да видиме дека таа го живее животот со полни гради. Но сепак тоа што дефинитивно се издвојува кај неа  е убавината во шестата деценија од животот, Букле е пример за негувана, средена и среќна жена, на чија насмевка е невозможно да се одолее.

Иако трендовите за убавина дозволуваат стопирање на процесот на стареење на кожата, Калиопи храбро се носи со своите 52 години. Рецептот за убавина го креираме самите, преку секојдневните навики, а големо влијание имаат и самите емоции, кои придонесуваат човек да блесне во полн сјај.

Букле блеска со широката насмевка и минималната шминка, која во комибинација со црната коса, прави таа да е како стиховите од „Најмила“: „Сѐ што е мое ми е убаво, а сѐ што не е, нека биде поубаво“.

Извор: Женски магазин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e