(ФОТО) Гвинет Палтроу позираше гола по повод својот 50-ти роденден

Американската актерка Гвинет Палтроу позираше гола по повод својот јубилеен 50-ти роденден.

„Сакав да бидам гола и покриена со златна боја. Се чувствувам толку добро откако наполнив 50 години. Со овие фотографии сакам да ја покажам својата енергија и оптимизам“, порача таа.

Пред неколку дена таа на своите следбеници им порача дека воопшто не се чувствува како времето да минува и дека обожава како изгледа нејзиното тело.

„Моето тело е ‘доказ’ за сето она низ кое поминав досега. Косата ми е сива. Сонцето остави ‘отпечатоци’ секаде на мене. Ги прифатив моите брчки. Повеќе не чувствувам потреба да бидам совршена“, додаде.

На својот блог напиша дека сега започнува нова фаза од нејзиниот живот и дека ги признала сите свои грешки и научила многу од тоа искуство.

„За моите родители 50-тиот роденден изгледаше како пресметка со себе. За мајка ми тоа беше врвот на чудесното. Комбинација на раст, љубов и уметност“, објави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e