(ФОТО) Гоца Тржан го откри својот таен рецепт за слабеење

Познатата пејачка Гоца Тржан реши на фановите да им го открие својот таен рецепт за слабеење. Како што и самата истакна, во изминатиов период ослабнала седум килограми, а резултатот е очигледен.

Таа откри дека за време на карантинот изгубиле седум килограми, а сега откри и како успеа да се избори со вишокот килограми.

Таа истакна дека повеќе готвела отколку што јадела.

„Водев сметка додека бев во изолација, а рецептот е едноставен – повеќе готвен, а помалку јадев. И додека се обидувам да ослабам, мојот Раша има други планови. Нему му е цел да ‘нафрли’ 100 кг, а јас сум во фазонот ‘Каде со тие 100 килограми’? Иако и двајцата тренираме како животни, па ништо не е невозможно“, изјави Гоца во емисијата „ДеТоксик“.


View this post on Instagram

#happynewyear Uskoro se vidimo u Pirotu na doceku Nove 2020.godine. 🎅💥🎆🧣🧤

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan) on


Пејачката пред неколку дена објави на Инстаграм и фотографија на која може да се забележи нејзината промена.


View this post on Instagram

#travel#indonesia #rajaampat #diving #beach Somewhere in Raja Ampat 🏝🏝🏝

A post shared by Goca Tržan (@gocatrzan) on

Еве што таа тогаш им порача на дамите:

„Се обидувам сите девојчиња, девојки, жени ги научам да станат задоволни со својата слика во огледалото. Секако дека не сме совршени, секако дека не сме најубави, секако дека старееме, но немаме друго избор освен да го засакаме своето пакување. Девојки, ве сакам…“

Таа очигледно е задоволна од она што го гледа во огледалото.

„Баш ми се допаѓа мојата коса. А и очите ми се убави. И кожата ми е прекрасна и мека. Се на се, се сакам себеси, ги сакам моите несовршености, не се плашам од отфрлање или критикување. Тоа сум јас, самата друга немам. Сакајте се самите себеси и вашиот одраз во огледалото. И работете на тоа постојано и во се да се усовршувате и да научите нешто ново. Животот е убав“ – порача познатата пејачка на својот Инстаграм профил.

Нејзиниот статус наиде на голем интерес кај фановите, па во коментар на овој пост на прашањето дали отсекогаш се сакала себеси, одговори:

„За жал не! Како и сите жени, секогаш на себе наоѓав мани и се концентрирав на нив! Глупачи сме што тоа си го правиме“, беше реална Гоца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e