(Фото) Еве поради која девојка пиеше Авичи!

Светот и натаму е во неверување за прераната смрт на еден од најпопуларните и најплатени диџеи, Тим Берглинг, познат како Авичи. Од славниот продуцент, кој имаше само 28 години, се опростија бројни музички ѕвезди меѓу кои и Мадона, а на социјалните мрежи се огласија и некои од неговите поранешни девојки.

На Инстаграм од Авичи прва се опрости неговата екс партнерка, моделка и блогерка, Ракел Наташа Бетенкоурт којa има 30 години. Таа поsтираше неколку заеднички фотографии и трогателна порака. Со Ракел биле во врска од 2013-та година, а врската траела околу една година.

Таа напиша дека срцето и се скршило.

Еве дел од пораката: Беше најголем дел од мојот живот и играше голема улога во него, засекогаш ќе ги чувам нашите моменти. Само сакам да знаеш дека никогаш не престанав да те сакам.“ – стои во пораката на Ракел посветена на прерано починатата музичка ѕвезда.

Но, меѓу фановите на Авичи имаше и такви кои збеснаа на оваа порака во која Ракел вели дека сеуше го сака. Еден фан напиша дека е срамно да ја користи смртта на Авичи за да се промовира себе си и својот блог.

Друг фан го напиша следново:

Чекај малку зарем токму ти не беше таа која му го скрши срцето пред пет години? Добро се сеќавам кога Тим пред медиумите рече дека никогаш нема да те заборави и дека поради тебе напиша неколку песни со скршено срце. Ти го уништи, затоа и се алкохолизираше Авичи. –гласи еден од коментарите.

Eве како изгледаа заедно Авичи и Ракел:

RAKEL

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e