(ФОТО) Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во петтата деценија

Ева Лонгорија моментално престојува во „земјата на макијато“, како што ја нарекува својата сакана Италија, и ја продолжува турнејата по филмски фестивали. Овој пат 47-годишната актерка присуствува на „Таормина филм фест“ во Италија, а на црвениот тепих блеска во фустан од тул и свила.

Лонгорија носи црн фустан од модната куќа „Алберта Ферети“, со извезен корсет од тул и детали околу деколтето на грбот. Елегантниот горен дел со отворен грб има прерамки кои допираат зад вратот, со акцент на прерамките и со бисери околу грбот. Фустанот завршува со сатенско здолниште до глуждовите.

Заедно со црните сандали со тенки прерамки, ова е уште еден совршен избор на Ева, која на гламурозен начин го нагласува токму она што е најубаво кај неа.

Како последен момент, Лонгорија комплетниот стајлинг го заокружи со фризура: несовршено свитканата коса беше собрана во пунџа, а ненаметлив изглед ѝ даде шминката со сјајни усни во природни, „голи“ нијанси, како и „зачадени очи“ со црн креон.
eva-longoria

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e