(ФОТО) Емили Ратајковски ги објави фотографиите од вечерта кога наводно била силувана

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски го обвини фотографот Џонатан Ледер за сексуално злоставување кое наводно се случило во 2012-та година во неговиот дом во планинската област Кетскилс во американската сојузна држава Њујорк.

Фотографиите што настанале тогаш, Ледер ги објави во книгата Ледер/Ратајковски во 2016 година, иако манекенакта тврди дека немал право да ги објави тие фотки.

Ратајковски на фотографиите на кои позирала во долна облека ги објави на својот профил на Инстаграм и напиша:

Секогаш е забавно да се види својата работа. Џонатан Ледер за магазинот Дариус“.

Таа изјави дека таа вечер пиела вино и се фотографирала потполно гола. Откако завршило снимањето, а шминкерката заминала на спиење, манекенката се чуствувала будно и многу пијана. Таа и фотографот се покриеле со ќебе на каучот, според нејзините изјави, тој започнал да ја прашува за нејзините момчиња и ја гледал како ги масира стопалата за да се стопли.

Кажа дека му се допаѓа тоа што го правам со стопалата, јасно се сеќавам на тоа. Мразев дека коментира нешто што го правев за да се утешам. Повеќето од тоа што се случи подоцна ми е како низ магла, но се сеќавам како се чуствував. На бакнување не можам да се сетам, но можам да се сетам на неговите прсти во мене наеднаш. Ги туркаше посилно и посилно и навистина ме болеше. Инстиктивно го фатив за раката и го извлеков од мене. Ништо не кажав. Тој стана и си замина – навела Ратајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e