(ФОТО) Елена Ристеска лансираше парфем со свој потпис!

Елена Ристевска на радост на нејзините обожаватели го објави лансирањето на два парфеми!
Таа преку нејзиниот Инстаграм профил ја најавуваше својата козметичка линија „Era Cosmetics“ и конечно ексклузивно го објави лансирањето на двата свои парфеми. Елена на јавноста ги претстави женскиот и машкиот парфем од својата козметичка линија „Era“.

Елена ја започна кампањата за двата парфеми, за кои откри дека работела во Мајами.
 „Ова е зора на нова ера… на една долготрајна приказна… Приказната за вистинската љубов… со активирање на вашите сетила и вашата интуиција ќе го пронајдете вистинскиот… Вистинскиот парфем… „Era“ парфем. – порача Елена.

Сите се во потрага по вистинска љубов и по вистински парфем – парфем „Era“, вака Елена ја престави својата нова мирисна приказна, која сите со нетрпение очекуваме да ја пробаме!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e