Српската поп-фолк дива Јелена Карлеуша вчера го прослави својот 42 роденден во нејзината луксузна вила на Дедиње, со раскошна трпеза и необична торта.
Многу гости ѝ дојдоа на прославата, а Карлеуша носеше фантастичен бел долг фустан кој е гол во пределот на стомакот и ја истакнува нејзината совршена линија.
Како највпечатлив моден додаток беа крилјата на главата. Исти вакви носеше светска манекенка Емили Ратајковски на Мет гала во 2019 година.
Јелена е позната по коментарите дека планетарно популарните ѕвезди ја копираат во стилот и во неколку наврати изгледа дека беше така, ама овојпат дали таа или Ратајковски нешто ќе искоментираат?
Пејачките Наташа Беквалац и Дара Бубамара споделија дел од атмосферата на своите профил, а несомнено славеничката беше најсреќна.