(ФОТО) Бремената Сара Мејс не ја примаат во локалите во Дојран! Еве зошто!

Пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски го чекаат раѓањето на своето прво дете и летото го користат за одмор и рекреација покрај убавите туристички места во Македонија и на Балканот.

Последните месеци од бременоста Сара сака да се релаксира и ужива покрај плажа и да го сонча стомакот, па откако пред неколку недели уживаа на плажите во Грција, сега решија да ги посетат и нашите природни убавини, па се упатија во Дојран.

Многумина знаат дека убавата пејачка е голем љубител на животни, па така не е ни чудо што одлично се спријатели со кучето Атос, кое сега е заеднички сопатник на парот.

Имено, Сара и Диме никаде не одат без својот најдобар пријател, кучето од расата лабрадор, па токму затоа оваа ситуација тешко и падна на Сара, па таа мораше со јавноста да ја сподели на социјалните мрежи.

Атос беше со нив и во Дојран, а таму кога Сара остана гладна, па сакаше со својот миленик да седне на некоја од терасите на угостителските објекти, газдите во Дојран не беа пријателски настроени кон животните и не и дозволија да седне и да се најде заедно со Атос.

Бидејќи кучето за нив е член на семејството, веројатно повеќе нема да им текне заедно со Атос да јадат во гостилниците низ Дојран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e