(ФОТО) Атиџе ја снима во студио својата прва песна посветена на мајка си, пчелите и реката Брегалница

„Не сакам да глумам, сакам да пеам“ – вака Атиџе во едно нејзино интервју им одговори на новинарите кога ја прашаа дали би сакала повторно да глуми.

И денес конечно, по толку време, таа влезе во музичко студио и сними една од своите песни.

111

Инаку, главната протагонистка во документарниот филм „Медена Земја“, Атиџе Муратова е вљубена во музиката.

Таа додека е во природата им пее песни на пчелите кои сама ги измислува, а настапи и пред публика.

Имено, таа на 10-от „Македокс“ настапи на сцената заедно со бендот „Фолтин“ кога испеа неколку нејзини песни.

Таа овој пат влезе во студио заедно со фолк пејачот Васил Чамов, и ја запеа својата песна за реката Брегалница.

Во проектот учествува музичкиот тандем Илчо Јованов и Љупчо Соколовски, а главниот „виновник“ кој овозможи да и се оствари сонот на Атиџе е Александар Санев, сопственикот на македонскиот моден бренд „Астибо“.

Инаку, „Медена земја“ е приказна за Атиџе и нејзиното село Бекирлија. Таа е една од последните негувателки на диви пчели во Европа и нејзиниот напор да ги спаси од алчноста на луѓето е главниот мотив во документарецот. Документарниот филм досега има освоено бројни награди низ целиот свет, а предизвика големо внимание и на Оскарите.

Токму затоа и на црвениот килим во Лос Анџелес немаше некој што не сакаше да се слика со главната хероина во документарецот, а по Оскарите таа се врати во своето родно село.

Таа и сега живее таму, заедно со своите пчели, на кои всушност и им ги пее своите песни.

Но овој пат нејзината песна ќе можат да ја слушнат сите, а тоа воедно е и сонот на оваа прекрасна жена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e