(Фото) Ана Николиќ очекува принова во семејството

Ана Николиќ на својот Инстаграм профил објави дека нејзиното семејство ќе стане побогато за уште еден член, со што ги израдува своите фанови.

Со оглед дека пејачката се породи на 3-ти август минатата година и на свет ја донесе ќеркичката Тара која ја доби со сопругот Раста сите најпрвин помислија дека во прашање е втората бременост на Ана, но се работи за братот на пејачката.

Пејачката објави фотографија од својата бремена снаа Милица Николиќ, сопруга на нејзиниот брат Марко Николиќ, кои за неколку месеци ќе станат родители. Малата Тара ќе добие братучетче, а идната тетка Ана се пофали со следнитве зборови:

“Нашето семејство ќе стане побогато за уште еден член. Мојата преубава снаа Мица…“– напиша Николиќ.

Еве ја фотографијата која ја сподели Николиќ!

sl

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e