(ФОТО) Александра Пријовиќ го изненади сопругот со роденденски подарок вреден 25.000 евра

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ се меѓу најпопуларните парови во регионот, секој нивен чекор е испратен медиумите.

Деновиве Филип славеше роденден па снаата на Лепа Брена, Александра го изненади сопругот, со скапоцен подарок.

Како што пренесе српски Аlo, Александра долго размислувала што да му подари на сопругот, одлучила да не комплицира и да му го купи она што најмногу го сака – часовник.

Пејачката на сопругот му купила скапоцен часовник „ролекс“.

Српски Alo пренесе дека Александра Пријовиќ платила 25.000 евра за часовникот, а Живојиновиќ бил во шок кога видел дека од сопругата добил уште еден часовник кој чини цело богатство.

Инаку неколку недели пред роденденот, Филип ја предупреди Александра ништо да не му купува и да не се троши. Секако, таа не го послуша и за неговиот роденден потроши мало богатство.

Изворот додава и дека е точно, дека Филип би можел да купи стан во центарот на градот, доколку ги продаде сите часовници што ги добил досега од неговата сопруга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e