(ФОТО) Адријана Лима неодолива во Кан

Бразилската манекенка ги покажа сите свои адути. Адријана Лима вчеравечер мамеше погледи на amfAR галата, свечен настан кој се одржува секоја година во склоп на Канскиот филмски фестивал.

Прекрасниот ангел на Викторија во долг, тесен златен фустан со длабоко деколте, отворен грб и висок прорез на долниот дел.

Ефектниот фустан со потпис на дизајнерот Џулиен Мекдоналд ја нагласува нејзината совршена фигура, а 36-годишната манекенка ја искористила оваа прилика да се пофали и со своите витки и долги нозе кои таа обожува да ги покажува.

На нозете носи златни сандали со ременчиња кои модните експерти не ги препорачуваат за жените кои се ниски бидејќи визуелно ги скратуваат нозете, но Адријана нема проблем со тоа.

Дополнителна доза на сексапил ѝ “подарила” и залижаната коса – фризура која последните неколку сезони е повторно во мода, а убавата Бразилка заблескала и со неутралната минималистичка шминка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e