Фестивал на новиот германски филм во Прилеп

Од четврток до сабота, во Кино Мис Стон во Прилеп, традиционално ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм.

На 12 издание на фестивалот, што Центарот за култура „Марко Церпенков“ го реализира во соработка со Амбасадата на Германија во Македонија, ќе бидат прикажани шест филмови – трагикомедии, комедии драми, историски драми и еден филм за деца.

Отворањето на фестивалот, во присуство на претставници од германската амбасада,  е во четврток во 20 часот во трагикомедијата „Мед во главата“ во режија на Тил Швајгер. Овој филм ја добил германската филмска награда за 2015 година, како и специјалната награда за најпосетен филм. Се работи за филм во кој темата е алцхајмер, исполнет со многу срдечност и топлина.

Во петок ќе бидат прикажани два филма. Од 18 часот е „За една девојка“, (комедија-драма), а од 20 часот „Државата против Фриц Бауер“ (историска драма).

Во сабота се три филма од 16 часот е филмот за деца „Куќата на крокодилите“, од 18 часот е „Хердер помеѓу два света“, (историска драма) и од 20 часот „Тура на животот“ (трагикомедија).

Годинашниот фестивал е под мотото „Сакам филм“.
„Филмовите непосредно допираат до луѓето и придонесуваат за интеркултурно разбирање кое не признава граници“, велат од амбасадата на Германија во Македонија.

За поврзани вести продолжете надолу

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e