Еве колку заработува Кајли Џенер од секоја објава на Инстаграм?

Најмладата сестра од кланот Кардашијан-Џенер има само 20 години, а веќе е сопственичка на козметичко царство. Таа од неодамна стана и највлијателна личност на социјалните мрежи.

Според новото истражување на компанијата “D’Marie Analytics” која се занимава со анализи и статистики на социјалните мрежи, за секоја објава на Инстаграм, Фејсбук или Твитер, познатата Кајли Џенер заработува еден милион долари. Со тоа, Џенер ја презеде титулата на Бијонсе која досега важеше за највлијателна личност, додека една година пред неа тоа беше популарната Ријана.

kajli-dzener-instagram

Kомпанијата “D’Marie Analytics” одлучила да го спроведе новото истражување откако првата фотографија од ќеркичката Сторми на Инстаграм за рекордно време стана најлајкнуваната објава на социјалната мрежа со речиси 18 милиони лајкови.

Иако Кајли нема најмногу следбеници на Инстаграм (таа чест и понатаму ѝ припаѓа на Селена Гомез), нејзините објави најмногу вредат бидејќи таа стратешки ги користи своите профили и има одлична поврзаност со својата публика, тврдат од компанијата.

Што се однесува до останатите сестри од кланот, истражувањето открива дека Ким е на трето место по влијателност, додека на второто место моментално се наоѓа Клои, што има смисла поради неодамнешното раѓање на малата Тру, но и поради прељубничкиот скандал на таткото на нејзиното дете, Тристан Томпсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e