Еве кое е вистинското име на Ален Исламовиќ

Aлен Исламовиќ беше еден од најпопуларните пејачи во осумдесеттите години во тогашна Југославија. Се прослави како дел од бендот „Дивље Јагоде“ и „Бијело Дугме’, а малку се знае за неговото вистинско име.

Имено, на почетокот на 1980-тите, кога „Дивље Јагоде“ станува сè попопуларна, продуцентите го забележале младиот пејач Алија Исламовиќ. Тие му предложиле да си го промени името во Ален, пишува порталот „Нова.рс“.

„Кога се појави „Дивље јагоде“, бендот во кој пееше Исламовиќ, челниците на поранешниот Југотон му ја предложија оваа идеја, што на почетокот не му се допадна на Ален. Тие му предложија да користи уметничко име, Ален, затоа што звучело подобро и затоа што така ќе се здобие со поголема популарност меѓу публиката. Алија малку се двоумеше, не сакаше да си го смени името, но набрзо попушти и ги следеше советите на претпоставените. Денес речиси никој не знае дека Ален всушност се вика Алија“, изјавил извор на српски Курир, кој бил близок до пејачот.

Исламовиќ потврди дека оваа приказна е вистинита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e