Францускиот филм „А ФОНД“ на режисерот Николас Бенамоу се очекува да се проектира во киносалите во франција на 21 декември годинава.
Главната локација на снимањето се случуваше токму на скопската обиколница. Минатата година додека траеше снимањето, обиколницата беше затворена 7-ми до 11-ти септември од 7 до 19 часот. Сообраќајот беше забранет од клучката кај Хиподром до делот кај Сарај. Погледнете го трејлерот на овој филм:
По снимашето на обиколницата, целата машинерија на филмот се пресели на автопатот Неготино – Велес, каде делницата исто така беше затворена за време на снимањето до 23 октомври.