„Ентерфест“ од 29 мај до 3 јуни ќе го раздрма Скопје

Музички ураган , невиден досега на овие простори ќе му се случи на главниот град . Од 29 мај до 03 јуни, на две сцени , надвор и внатре во спортскиот центар Борис Трајковски ,започнува ново музичко доживување за љубителите на фестивалите . Повеќе нема да мора да патувате надвор од Македонија за да бидете дел од голем музички хепенинг, сето тоа во овие пет дена ќе го доживеете на ЕНТЕРФЕСТ.

Фестивалската приказна која започнува во Скопје ,во периодот кој следува ќе продолжи да патува и низ регионот.

Петдневната забава ,исполнета со многу гости од соседните земји но и пошироко ќе овозможат културата, урбаниот начин на живеење и позитивните вибрации да ги отргнат мислите од политиката и разговорите кои не оддалечуваат едни од други ,а целта ќе биде исполнета кога соединети сите ќе пристигнат да ги проследат настапите на големите музички ѕвезди. Ентерфест ќе ги отвори можностите за кои изминатите години сите млади сонуваа, добра забава блиску до нив и вистинска фестивалска атмосфера.

1000 ангажирани лица ќе бидат дел од организацијата на фестивалот , со цел беспрекорно фунционирање и движење на поситителите ,кои се очекува до достигнат бројка од 200,000. Врвната техничка опрема , специјалните светлосни ефекти кои ќе го осветлат цело Скопје , и звук каков што досега не е чуен на овие простори , ќе направат овие 5 дена Скопје да дише во ритамот на ЕНТЕРФЕСТ и тоа за само 990 денари за петдневен влез на фестивалот.

Во продолжение листа на дел од учесниците на првиот ЕНТЕРФЕСТ : Тамара Тодевска, Ера Иштрефи, Масимо Савиќ, Атомско Склониште, Дадо Топиќ, Партибрејкерс, Ван Гог, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Гоце Саф, Опча опасност, Марчело, ПМГ, Дивље Јагоде, Ај Кју, Земља Грува, Кепурдхат, Елементал, Бени Нон Стоп, Неверне Бебе, Кербер, Визија, Конкуринг Лајон, Бед Копи, Дани, ЕнБеКа и Твистер, Кара, Министерс Галери, ДНК, Кристина Арнаудова, Севдах Бејби, Ки, Аутмајнд, Викторија Лоба, Теодора, Ничим Изазван, Агушеви оркестар, Темпера, Фолтин, и Но Нејм Нејшн.

Извор: Либертас

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e