Емили Ратајковски со критики за филмот за Мерлин Монро: Опседнати сме со мртва девојка

Емили Ратајковски го коментираше филмот „Русокоса“ во кој се зборува за животот на актерката Мерлин Монро.
Сподели

Во видеото што го објави на TikTok, познатата манекенка вели дека не е изненадена што „е објавен уште еден филм кој прави фетиш од болката на жените, дури и кога тие се мртви“. Таа додаде дека општеството е опседнато со жени како Ејми Вајнхаус, Бритни Спирс и принцезата Дијана.

“Сите ние всушност правиме фетиш од женската болка. Опседнати сме со мртви девојки и сериски убијци. Можам слободно да кажам дека научив да ја величам болката во мојот живот”, додала таа.

Инаку, новиот филм за легендарната актерка Мерлин Монро, кој беше објавен на Нетфликс пред неколку дена, не ја воодушеви публиката. Имено, филмот не ја прикажува вистинската Мерлин и не се работи за нејзината вистинска биографија, туку за измислен роман на писателката Џојс Керол Оутс.

Авторката на книгата, Џојс Керол Оутс, го опиша Blonde како феминистички филм, чија цел е да поттикне дискусија меѓу современата публика.

„Начинот на кој Кенеди се однесуваше со Мерлин Монро не беше и сè уште не е толку различен од начинот на кој многу моќни мажи, особено во Вашингтон, ги третираат сите жени освен нивните сопруги“, изјави Оутс за Vanity Fair France.

Гледачите, меѓу другото, ги критикуваа и одвратните сцени со силување. „Гледав 20 минути од овој филм и веднаш морав да ги проверам социјалните мрежи за да видам дали нешто пропуштив и дали други луѓе се згрозени“, напишал еден од гледачите на Твитер.

Филмот е забранет за лица помлади од 17 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e