Емили Ратајковски била сексуално злоставувана

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски го обвинила фотографот Џонатан Ледер за сексуално злоставување кое наводно се случило во 2012-та година во неговиот дом во планинската област Кетскилс во американската сојузна држава Њујорк.

Ратајковски го изнела обвинението во подолг есеј кој го напишала во магазинот „New York“, а кој бил објавен во вторникот. Во него манекенката тврди дека тогашниот агент ја испратил во домот на Ледер на неплатено снимање за магазинот „Дариус“ и дека тој ангажман барал да спие во домот на агентот.

Манекенката вели дека по доаѓањето дознала дека ќе носи долна облека. Сакајќи да делува позрело, тогаш 20-годишната Ратајковски прифатила црвено вино кое Ледер ѝ го понудил во текот на вечерта.

„Научена сум дека важно е да се стекне репутација на добра работничка која не приговара“, напишала Ратајковски. „’Никогаш не знаеш со кого ќе работи после тебе’, ми велеше“.

Манекенката тврди дека Ледер после снимањето во долна облека ѝ рекол: „Ајде сега да се обидеме без облека“.

„Истата секунда откако ја соблеков облеката, дел од мене се исклучи“, раскажува Ратајковски.

„Почнав ‘да лебдам’, гледајќи како се враќам во кревет. Го исправив грбот и ги истакнав усните. Се фокусирав на идејата за тоа како би можела да изгледам. Блесокот од камерата беше толку силен, а јас испив толку многу вино, поради што црните точки пред поите очи само се ‘размножуваа’“.

Подоцна, кога шминкерот кој работел на снимањето отишол на спиење, Ратајковски вели дека се чувствувала целосно будна, но ‘многу, многу пијана’. Напишала дека таа и Ледер се покриле со кебе на кауч и дека фотографот ја испитувал за момците со кои била во врска и дека ја гледал додека ги триела стапалата за да се згрее.

„Ми рече дека му се допаѓа тоа што го правам со стапалата. На тоа се сеќавам најјасно. Го мразам тоа што Џонатан коментираше нешто што во текот на животот го правев за да се утешам“, напишала Ратајковски.

Манекенката во својот есеј детално опишува што се случувало потоа и дека се сеќава на болката која ѝ ја предизвикал фотографот.

Подоцна објаснила дека колекцијата со фотографии кои настанале во домот на Ледер, објавени се во 2016-та година во книгата „Leder / Ratajkowski Collector’s Edition“ од издавачката куќа „Imperial Publishing“, но тврди дека на фотографот и издавачот не им било дозволено да ги користат тие фотографии.

Тие се обиделе законски да го блокираат објавувањето на фото-книгата и придружната изложба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e