ЕКСКЛУЗИВНО: Закажан концертот во чест на Тоше Проески

На 13 октомври во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески, дознава „Женски Магазин“. Балкански и македонски ѕвезди ќе ги отпеат најголемите хитови од легендарниот македонски пејач, а од фондацијата „Тодор Проески“ ни изјавија дека се уште е рано да откриваат детали за настанот кој фановите со нетрпение го очекуваат.

– Интензивно работиме на овој проект. Подготовките се во полн ек, веруваме дека сеќавањето за Тоше и овојпат ќе го одбележиме достоинствено – велат од фондацијата.

На концертот најверојатно ќе биде промовиран и четвртиот постхумен албум со работен наслов Secret place кој содржи десет песни на англиски јазик.

– Се подготвуваат и три видеозаписи. Едниот е снимен во Македонската филхармонија, вториот во студио, а третиот во Крушево. Албумот се работеше во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт. Во англиската верзија на албумот, една од песните е на внукот на Тоше, Кристијан Ристевски – најавија од фондацијата во јануари годинава.

Извор: Женски магазин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e