Ексклузивно: Бред Пит е под истрага поради злоставување на своите деца

Актерот Бред Пит е под полициска истрага поради тврдењата дека вербално и физички ги малтретирал своите деца, а тоа е  пак очигледната причина зошто Анџелина сака да се разведе.

Извори блиски до двојката велат дека Бред Пит (52) минатата недела се напил во авион во кој било целото семејство. Наводно дивеел, викал и физички ги малтретирал децата.

По слетувањето на авионот, очевидци велат дека Пит продолжил да дивее.

Како што е соопштено од страна на странските медиуми, сведоци на трагичниот настан го пријавиле во полиција, па Анџелина и тој биле на разговор со социјалните работници. Истрагата е во тек.

Наводно, тој инцидентот бил причина зошто Анџелина поднесе барање за развод. – пренесува српски Курир.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e