Џулиен Мур: Не верувам во БОГ, туку во ДОБРА психотерапија

Познатата американска актерка ги има освоено скоро сите награди кои можат да се освојат. Од улога во улога преминува без многу мака, а до сега ниту еднаш не изневерила со својот моден избор на црвениот тепих.

Меѓутоа, Џулиен не стекнала се во животот лесно. Во раните триесети се чувствувала изгубено. Нејзината кариера напредувала, но приватниот живот ѝ бил во криза.

– Бев осамена. Не мислам дека бев среќна. Немав личен живот каков што сакав. Дваесетите ги поминав жедна за кариера, а всушност сакав семејство – признала таа.

Не знаејќи што да прави, Џулиен се свртела кон терапија.

– Тогаш сфатив дека мојот приватен живот е поважен од кериерата. Доколку сакате да најдете партнер и да се омажите, родите деца, не смеете да чекате, мора да делувате. Тоа ви е исто како и кариерата. Доколку сакате да напредувате во кариерата, мора вредно да работите и да се трудите – рекла Џулиен.

Кога го сфатила овој факт, Џулиен зборувала дека не верува во Бог, туку во добра психотерапија. Кога започнала со терапијата, се открила себе си, се во животот и тргнало на подобро. Во брак е веќе 19 години, а има и две деца.

Џулиен е една од најбараните актерки во Холивуд и има таква можност да бира во кои улоги ќе се појави. Важи за модна икона и нема ниту една „утка“ на црвениот тепих.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e