Џони Деп ќе го режира својот прв филм по 25 години

Џони Деп ќе ја земе режисерската палка во свои раце првпат по 25 години, и планира да застане на чело на тимот на биографски филм за познат сликар.

Деп заедно со Ал Пачино ќе снима филм за познатиот италијански сликар и скулптор Амедео Модиљани заедно со Ал Пачино

Деп , исто така, и ќе го продуцира филмот за уметникот кој починал осиромашен во 1920 година на млада возраст, но стана познат по своите ремек-дела на актови со издолжени лица и екстремитети.

Модиљани починал во 1920 година од туберколоза. Имал само 35 години.

Според „Холивуд репортер“, Деп (59) веќе го ангажирал својот пријател Ал Пачино (82), откако ѕвездата на „Кум“ не успеа да издејствува биографски филм за Модиљани во режија на Мартин Скорсезе во 1980-тите.

Не се објавени други детали за кастингот, но бидејќи Модилјани почина на 35-годишна возраст, мала е веројатноста некој од овие двајца актери да го глуми уметникот, освен ако немаат намера да користат CGI за намалување на стареењето како во „Ирецот“ на Мартин Скорсезе.

Филмот всушност е адаптација на драмата „Модилјани“ на Денис Мекинтајр од 1979 година, чие дејствие е сместено во 1916 година за време на кризен период од животот на уметникот.

Вториот обид на Деп како режисер доаѓа 25 години по неговиот вестерн The Brave („Храбриот“) од 1995 година, во кој глумеше заедно со Марлон Брандо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e