Џоли и Пит се договорија за старателството

Таа го добива старателството, тој добива посети, сите добиваат терапија.

За оние што сон не ги фаќаше поради разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли, Ти-ем-зи јави дека разделената двојка склопила привремен договор за старателството на чопорот деца, една недела откако се дозна за нивната разделба.

Одделот за деца и семејни услуги на Лос Анџелес Каунти го понудил договорот и дал совет да биде прифатен, за да се избегне судската битка. Двојката одлучила да го прифати. Договорот ќе важи три недели, период во кој Одделот ќе склопи нов договор или ќе го пренесе случајот на суд.

Накратко: Џоли го има старателството на деца до 20 до октомври; Пит добива право да ги посетува, иако во почетокот само со присутен терапевт (кој потоа ќе каже дали може Бред да ги гледа децата насамо); Пит се согласил ненадејно да го тестираат за дрога и алкохол (првиот текст покажа дека глумецот нема ни д од дрога во себе, ниту пак алкохол); Пит и Џоли секој посебно ќе посетуваат прихијатар; а целото семејство ќе оди на психотерапија заедно.

Еден извор за Ју Ес викли рекол: „Таа го доби тоа што го сакаше од ова. Сега сака да го направи она што е најдобро за децата. Да, таа сè уште е вознемирена, но во моментов е фокусирана на семејството…“

Самата Џоли, пак, си најмила „средувач на скандали од реалниот живот“.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e