Драгана Мирковиќ жртва на интернет измама

Драгана Мирковиќ е уште една во низата пејачки кои се нашле во непријатна ситуација и станале жртва на интернет измама.

Овој пат, фолк дивата не ја заобиколија ниту измамниците на социјалните мрежи кои ги користат имињата и фотографиите на познатите за сомнителни објави и реклами.

Така, на Инстаграм се појави реклама во која пејачката наводно фали производ за слабеење со кој „исчезнуваат килограмите“, лечи паразити и ги топи масните наслаги. Заедно со оваа реклама објавија и фотографија од пејачката од пред неколку години во тесен црвен фустан, за наивните да помислат дека нејзината фигура е резултат на користење на овој производ.

Штом оваа реклама стигна до неа, Драгана ги предупреди своите фанови на Инстаграм за измами кои кружат на социјалните мрежи, за кои некој ги злоупотребува нејзините фотографии.

-Внимание! Ова е измама! – напиша Мирковиќ со слика од лажниот оглас.

Инаку, ова не е првпат Драгана да биде мета на слични измамници. Драгана во една прилика била мета на хакери кои ја презеле нејзината Фејсбук страница и почнале да објавуваат недолични содржини, поради што се обратила во полиција и го пријавила случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e