Драгана Мирковиќ живее во дворец вреден 50 милиони евра

Замокот има сала за бал, каде пејачката организира семејни прослави, а се работи и на музејот, како дел од имотот, кој ќе биде отворен за посетители.

Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ живее со сопругот Тони и децата во Виена, во прекрасен дворец вреден 50 милиони евра.

Еден од најинтересните факти за дворецот е дека во него некогаш живеела Марија Тереза, која често престојувала во него кон крајот на 17 век.

Драгана не го експонира својот приватен живот во јавноста, но не одолеа да го покаже историското здание со кое е многу горда. Дворецот не е целосно реновиран, токму поради тоа што пејачката сакала се да биде автентичен, па потребно е многу повеќе време за уредување.

Таа и нејзиниот сопруг заедно ја уредувале внатрешноста на дворецот, а тој главно бил вклучен во изборот на мебелот. Уникатните предмети најчесто се купувале во Италија.

Пејачката е особено горда на бањата која е целосно украсена со кристали Сваровски, со антички мотиви, комода Версаче. Тие се дел и од декорацијата во дневната соба.

Замокот има сала за бал, каде пејачката организира семејни прослави, а се работи и на музејот, како дел од имотот, кој ќе биде отворен за посетители.

Зборувајќи за својот луксузен имот, Драгана своевремено за српските медиуми истакна дека не знае колку соби има во нејзиниот дом, но познато е дека замокот има дури 235 прозорци.

– Не знам точно, но ги има многу. Има и огромни сали кои зафаќаат цело крило, а некои дури и две. На вториот кат, во делот на замокот каде што планираме да живееме, има голема сала за бал. Сакаме дел од првиот кат да претвориме во музеј и да го отвориме за посетители и училишни екскурзии, но немаме намера да наплаќаме влезници. Потребно е и обновување на сликата на таванот, за што е потребно време, за што ќе бидат задолжени вистински уметници – изјавила своевремено Драгана.

Специјалното катче на Драгана е галерија во која се наоѓаат сите спомени кои ги стекнала во текот на нејзината кариера, од награди до многу обожаватели.

Инаку, домот на Драгана претходно сакаше да купи шеик за цели 200 милиони евра, но фолк ѕвездата љубезно ја одби неговата понуда.

Извор: Аваз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e