Дојава за бомба на концерт на Јелена Карлеуша

Српската пејачката Јелена Карлеуша синоќа настапувала во „Стара Ада“ во Бања Лука, додека непознато лице се јавило во полиција и пријавило дека во ресторанот каде што таа пее има поставено бомба.

По прегледот на местото се утврдило дека се работи за лажна пријава.

Инцидентот се случил десет минути по полноќ, гостите во ресторанот биле евакуирани, по што било утврдено дека нема опасност.

„Синоќа околу 23 часот и 50 минути телефонски во Полициската управа Бања Лука се јавило непознато лице и пријавило дека во тоалет во ресторанот Ада во Бања Лука била поставена експлозивна направа. Од извршените проверки и прегледот е утврдено дека се работи за лажна пријава – соопшти полицијата од Бања Лука.

Од полицијата исто така информираа дека работат на расветлување на оваа лажна пријава и откривање на лицето што ја поднело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e