Дизајнерот Толески за сталјингот на нашите евровизиски преставници: Имате доволно пари, средете се

Вечерва ќе се одржи првата полуфинална вечер на Евровизија, во Лисабон, Португалија, на која настап ќе имаат и нашите претставници, Марија и Бојан од групата ,,Ај кју’’.

На страницата на ОГАЕ Македонија веќе се објави фотографија од пробата на групата, на која е потенцирано дека кому му се бендисува, кому не, ,,Ај кју’’ гардероба не менуваат.

2-1

Евровизијата е настан кој го следат милиони гледачи ширум светот, и сите земји учеснички посветуваат големо внимание на гардеробата, односно стајлингот и сценскиот настап, кој во голема мера има влијание и на собирањето на гласови. Околу впечатоците за евровизискиот стајлинг на Марија и Бојан, и на придружните вокали, и од какво значење е тие да се појават во едно европско светло, кога е гардеробата во прашање, поразговаравме со модниот дизјанер и моден новинар, Небојша Толески, кој досега бил на пет Евровизии.

Тој е сопственик на модното ателје ,,Толески’’ и еден од најпознатите модни дизајнери кај нас. Помеѓу критичарите е познат како моден гуру, секоја негова нова модна колекција е дочекана со овации и има освоено доста награди за колекциите со светски дизајнерски израз.

-Ние сме малечка земја и секое наше претставување на големи и значајни настани значи многу. Промоцијата преку културата треба да биде наша најсилна страна со добро осмислени детали сведени до перфекција. И не се работи за тоа дека не можеме, туку кој осмислува. Евровизија е одлична подлога за наше претставување. Нуди извонредни можности во три минути да бидеш центар на Европа и светот. Како ние ги користиме трите минути? Секој ќе каже со невпечатливост. А ти се нуди можност чуда да направиш (И не мора огномет на сцена, тоа доплнително се плаќа). Цела година подготовки, на настапот безживотност. Некој од нашиве претставници ќе замрдаше од време на време колку да се добие по еден поен. Не може така! Има да се запне, да се ангажираат соодветни тимови, да се консултираат сите модни дизајнери, да се работи на квалитетен проект оти песната е само дел од пакетот. И има доволно пари сето тоа да се плати! Изговори веќе нема! ,,Ај кју’’, нашите годинешни претставници имаат супер песна. Настапот потфрла во неколку сегменти. Пејачката носи превртено сако кое би било можеби добро ако рамената не се преголеми и во горниот дел ја прават широка, крута, а ракавите на сакото исто така големи и долги, па Марија како да е во оклоп. Откако ќе го соблече палтото изгледа добро, секси и прилично автентично, но ако боите на сцената и светлото не се усогласени тоа е веќе проблем. Бојан е ок. Шармантно облечен и настапува шмекерски. Пратечките вокали се ужасно облечени.Златно славејче. Кој бре уште носи такво нешто. Сте ги виделе ли танчерите на Џенифер Лопез? Тотална некоординираност. Да се појасни – нити трендови нити нешто најново се носи на Евросонг. Тоа е посебна сцена која бара грандиозен изглед, софистициран настап и по малку шокирачки детали. Возбудливоста на облеката треба да не восхити, а не да сме рамнодушни. Едно е изглед за ваков настан, друго е за настап низ Македонија. Ретко кога сме понудиле ежење на евровизиската сцена. Ретко дури неприметно. Требаат визионери кои ќе работат заедно на целиот наш пакет кој го праќаме на овој фестивал. Професионалци кои виделе и примениле светски параметри за сигурен проект. Сум бил на пет Евровизии. Сум правел интервјуа на победниците. Секој од нив ми кажал дека за победа или добар пласман ништо не е препуштено на случајност. Дури и некоја да се соблече гола, тоа е баш така намерно и со умисла направено. Како ќе поминеме овој пат не знам, но знам дека моќта на вистинското претставување бара многу работа. Оти едно е да си мавтаме со нашите знамиња, а друго е да ги мавтаме од среќа! – изјави за ,,Фокус’’ Толески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e