Деми Мур во биографијата открива: Тоа беше силување и одвратно мајчинско предавство

Познатата холивудска актерка Деми Мур имала многу тежок живот, а за тоа е одговорна нејзината мајка која уште од мали нозе не ја штедела од најужасните сцени.

Кога познатата актерка била дете, нејзината мајка се предозирала, а малата Деми била принудена да и го спаси животот. Биографијата на познатата американска актерка крена голема прашина, особено поради некои детали од младоста на актерката за кои јавноста ништо не знаеше.

Деталите кои најмногу ја шокираа, но и ја потресоа јавноста се две страшни работи низ кои поминала младата Деми поради нејзината мајка.

Имено, кога била дете нејзината мајка се предозирала, а малата Деми била принудена со прстите да ги вади апчињата од нејзиното грло. Кога имала само 15 години, нејзината мајка дозволила Деми да биде силувана од маж.
По грозоморниот чин и дал на нејзината мајка околу 400 долари и ја прашал девојката: Какво е чувството да бидеш продадена?

-Тоа беше силување и одвратно мајчинско предавство, напишала актерката во својата шокантна биографија.

Набргу потоа Деми ја напуштила куќата на нејзината мајка и сама излегла на светот.

На 17-годишна возраст го запознала музичарот Фреди Мур со кој напишала три песни и со кого се омажила во 1980 година. Тие беа во брак пет години. Само две години подоцна, таа се омажи за актерот Брус Вилис, со кого помина 13 години заедно и со кого има три деца – Румер, Скаут и Талула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e